Желбата на РК Прилеп во последно време е Плејофот од Супер лигата на Македонија за мажи, но таа желба оваа сезона е неостварена. Дека желбата има основа и дека конечно треба да се оствари, покажуваат резултатите во Плејаутот, првото место на табелата и убедливата предност во однос на второпласираниот Еурофарм Пелистер 2.
На најновото дерби, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 29:26. Иако гостите водеа со 10:13, по тајмаутот и советите од Стручниот штаб предводен од Наум Танески, се случи пресврт до крајот на полувремето. Резултатот беше 15:14 за Прилеп. Во вториот дел највисоката предност за Прилеп беше 6 гола, со резултатот 24:18.
Најефикасни стрелци во Прилеп беа Димитар Димитриоски со 8, Денис Шабановиќ со 6 и Владан Кастратовиќ со 5 гола.
Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ публиката му даде силна поддршка на домашниот тим, а само може засега да се претпостави каков амбиент би бил во Универзалната сала или салата „Македонија“. Градот под Марковите Кули заслужува и поголема сала и тим во уште повисоко ниво – во Плејофот.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 29:26, МРК Куманово – Пролет 35:28, Струга – Радовиш 33:26.
ТАБЕЛА: Прилеп 30, Еурофарм Пелистер 2 25, Пролет 19, МРК Куманово 15, Струга 9, Радовиш 0.
СЛЕДНО 6. КОЛО (25 април): Прилеп – Радовиш, Пролет – Еурофарм Пелистер 2 и Струга – Куманово.
