Прилепската публика е „гладна“ за фудбал, па затоа добро е да се искористи денешната понуда. Во 16 часот, на игралиштето со вешташка трева во Прилеп, кај некогашната Зоолошка, до населбата „Типски куќи“, се игра мечот Победа – Вондеркидс, во рамките на 15. коло од Пелагониската лига за млади фудбалери родени во 2011 и 2012 година. Интересен дуел затоа што Вондеркидс е прв на табелата и во минатото коло со неверојатни 20:0 го совлада кичевскиот Напредок, а Победа со резултат 1:1 му зеде бод на Пелистер во Битола.
Судии на денешниот меч се Филип Јованоски (Прилеп), Драган Јончески (Долнени), Стефан Иваноски (Прилеп), а контролор Горанчо Макалоски (Прилеп).
РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Академија Еврогол (Прилеп) – Младост Полет (Демир Хисар) 6:0, Напредок (Кичево) – Ускана (Кичево) 0:6. Денеска: Еден на еден (Могила) – Пелистер (Битола) од 13 часот, Победа (Прилеп) – Вондеркидс (Прилеп) од 16 часот.
ТАБЕЛА
Вондеркидс 34
Академија Еврогол 28
Пелистер 28
Ускана 24
Победа 18
Кичево 17
Еден на еден 8
Младост Полет 7
Напредок 3