Доминација на прилепскиот тим Вондеркидс во Пелагониската лига за млади фудбалери родени во 2011 и 2012 година. Не само што е на првото место, ами по мечевите од 15. коло ја зголеми предноста пред битолски Пелистер, којшто го отстапи второто место на Академија Еврогол. Наместо 6 сега е 9 бода разликата меѓу првиот со вториот и третиот. Така е затоа што денеска Пелистер со 2:1 загуби од Еден на еден во Могила, а на игралиштето со вешташка трева во Прилеп, Вондеркидс како гостин ја совлада домашната Победа со 5:0. Стрелци: Стефан Колонџоски, Михаил Јанчески 2, Бојан Костадиноски и Теодор Стојаноски. Од овој дуел во Прилеп објавуваме неколку фотографии.


РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Академија Еврогол (Прилеп) – Младост Полет (Демир Хисар) 6:0, Напредок (Кичево) – Ускана (Кичево) 0:6, Еден на еден (Могила) – Пелистер (Битола) 2:1, Победа (Прилеп) – Вондеркидс (Прилеп) 0:5.


ТАБЕЛА
Вондеркидс 37
Академија Еврогол 28
Пелистер 28
Ускана 24
Победа 18
Кичево 17
Еден на еден 11
Младост Полет 7
Напредок 3.
СЛЕДНО 16. КОЛО: Вондеркидс – Еден на еден, Ускана – Победа, Пелистер – Академија Еврогол и Младост Полет – Кичево.

