Тешки битки се водеа на неколку меча од денешното прво коло од Третата лига – Југ. На дербито во Крушево, Питу Гули – Големо Коњари 1:0. Стрелец е Беким Алимоски во 41. минута. Најмногу голови паднаа во Мало Коњари, каде домашниот Влазними јуниор од Пресил со 2:4 загуби од Венец Долни Дисан. Три гола падна за три минути, во 8., 9. и 10. минута. Стрелци: Блорент Арифоски 10. и 55. – Петар Ристовски 8., 65. и 75., Васко Димов 9. На теренот со вештачка трева во Прилеп, Ултрас – Младост Кривогаштани 2:1. Фотографиите се од овој меч.
РЕЗУЛТАТИ: Питу Гули – Големо Коњари 1:0 (Беким Алимоски 41.), Ултрас – Младост 2:1 (Мартин Мечев 40., Михаил Јакопетревски 60. – Александар Чешелковски 75.), Бучин – Превалец 0:0, Башкими – Росоман 1:0 (Валмир Дурмишов 92.), Влазними јуниор – Венец 2:4 (Блорент Арифоски 10. и 55. – Петар Ристовски 8., 65. и 75., Васко Димов 9.), Дреново – Слога 1:1 (Армен Мемедов 74. – Емир Каришиќ 36.), а Обршани слободно оти Марена се откажа.
СЛЕДНО 2. КОЛО (15 септември во 15 часот): Превалец – Големо Коњари, Слога – Питу Гули, Венец – Дреново, Обршани – Влазними јуниор, Младост – Башкими, Бучин – Ултрас, Росоман слободен.