Фудбал

ГОЛМАНСКИ ПОДВИГ ВО ПРИЛЕП: ИСТРЧА ДО ЦЕНТАР И СПРЕЧИ ЧИСТ ГОЛ

Зошто Победа постигна само минимална победа од 2:1 над Осогово, во сите околности заслуга има и младиот 20-годишен кочански голман Матеј Андов. Тој најуспешната интервенција ја имаше во финишот од мечот, кога тројца домашни фудбалери беа во силен налет, кога непречени од никого го поминуваа центарот на теренот, па се очекуваше сигурен гол, но одеднаш како да „изникна“ Андов. Голманот со храбар лизгачки старт успеа топката да ја исфрли во аут, така што го спаси својот гол, иако 50 метри оддалечен од него.

Филозофијата учи дека во секое лошо има по нешто добро за секого – така и во минималниот резултат доброто за Победа е што ги освои трите бода, а  за Осогово што покажа сила да даде отпор на кандидат за првото место, па оттука истото можеби ќе се случи токму на наредниот меч во Кочани со лидерот Слога.

Од категоријата

ПОБЕДА СО НОВИ НАДЕЖИ КОН КРАТОВО

Зоран Иге

(фото, видео) ИГРАЧ НА ПОБЕДА Е ВО ЛАС ПАЛМАС!

Зоран Иге

ДЕНЕШНИОТ Е ПОСЛЕДЕН ДЕН ПО ГРУПИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе