Фудбал

ПОБЕДА ПОБЕДИ, А 2.000 ГЛЕДАЧИ РАЗОЧАРАНИ ВО ПРИЛЕП

Според очекувањата трите бода останаа во Прилеп, преку победата на Победа над Осогово, во 23. коло од Втората фудбалска лига – Исток. Но скромниот резултат од 2:1 ги разочара близу 2.000 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Прилепската е позната како публика која има високи критериуми и тешко ја прифаќа синтагмата „слаб ден“. Според ова, се очекуваа повеќе голови во гостинската мрежа, не само врз основа на разликата во квалитетот на ривалите, туку и поради почетните 12 минути. Тогаш на мошне лесен начин домашните дојдоа до водство од 2:0, преку Јорданчо Наумоски од слободен удар од далечина и Бојан Спиркоски со реализација по одбиена топка. Гледачите во тој период се обложуваа колку голови ќе даде Победа – под или над пет, се до 36.минута кога гостите намалија на 2:1 со убав гол на капитенот Тоше Манов од слободен удар.

Оттогаш натаму, се до крајот, нервоза на трибината по многу пропуштени шанси, поништен гол на Филип Димоски поради офсајд и стравување да не се случи израмнување по неколку мешаници пред прилепскиот гол. Се очекуваше мирен натпревар, но пет жолти картони добија домашните фудбалери, дури по мечот и црвен е покажан на голманот Дарко Тофилоски. Сепак, од се што се случуваше најбитен е резултатот и фактот што Победа останува со реални шанси за првото место за влез во прволигашкото друштво.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Осогово 2:1, Беласица – Саса 2:0, Слога – Локомотива 8:0,  Кожуф – Братство 0:0, Пехчево – Детонит 0:1.

ТАБЕЛА: Слога 51, Беласица и Победа по 50, Саса 44, Кожуф 28, Пехчево и Осогово по 27, Детонит 24, Братство 14, Локомотива 6.

СЛЕДНО 24. КОЛО (23 април, 16 ч.): Саса – Победа, Осогово – Слога, Беласица – Пехчево, Братство – Детонит, Локомотива – Кожуф.

Младинците дадоа седум гола

Победа дома со 7:0 ја совлада Ренова, во 19. коло од Младинската супер лига. По два гола дадоа Филип Тодороски и Давид Дебрешлиоски, по еден Давид Иваноски, Христијан Јосифоски и Леонардо Богданоски. Продолжува борбата за титулата, за преземање на првото место кое го држи Вардар.

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА И НА ЕВРОПСКОТО  ВО КЕЛН!

Зоран Иге

УШТЕ ЕДЕН НОВ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

МОЖАТ ДА СЕ ГОТВАТ ЗА БАРАЖ, ИАКО ИМА ПЕТ КОЛА ДО КРАЈОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе