Уште не е завршено тековното првенство, а Ракометниот клуб Прилеп мисли на следното. Потврда е веста дека денеска овој клуб го доби првото засилување за новата суперлигашка сезона – репрезентативецот на Грузија, Сандро Дарсанија. Станува збор за 20-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек и кој ги има поминато сите младински селекции на земјата од Кавказот. Младиот ракометар настапи со репрезентацијата на Грузија на Европското првенство 2024 и се очекува да биде големо засилување. На интернационално ниво има настапувано во португалскиот шампионат, поточно во екипата на Беленсес.
Клубот Прилеп оваа сезона избори опстанок во домашната елита, а за наредната сезона амбициите на клубот ќе бидат пласман во плејоф-сегментот.
Повеќе на „Спортска димензија“