Денеска (сабота, 25 април,16 часот) е 26. коло од Втората лига на Македонија, во таа рамка и мечот Победа Прилеп – Осогово Кочани. Се игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, а е интересен и затоа што во гостинската екипа се тројца прилепчани: голманот Ѓорѓи Јованоски, играчот од средниот ред Христијан Поп-Антоски и напаѓачот Филип Димоски.
За кадетско-младинскиот состав на Победа и денешниот дуел е можност за ново искуство. Битно е да се даде максимумот, да се напредува од меч во меч, од коло во коло. Делегирани од ФФМ за денешниот дуел се: судиите Владимир Ѓорѓиевски, Јовче Кокевски, Николче Дрнковски и Дарко Котевски (Битола), делегатот Лазар Проданов (Валандово) и контролорот Марјан Ецкоски (Охрид).
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА ОД 16 ЧАСОТ: Победа – Осогово, Саса – Големо Коњари, Тетекс – Охрид, Преспа – Скопје, Новаци – Детонит, Брегалница Ш. – Слога В., Вардар Н. – Беласица, Кожуф – Шкендија А.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. 58, Охрид, Скопје и Шкендија А. 56, Беласица 49, Осогово 47, Детонит 44, Новаци 43, Кожуф 36, Тетекс 33, Саса 29, Вардар Н. 19, Преспа и Слога В. 12, Победа 11, Големо Коњари 7.