Викендов пред нас се повеќе привлечни фудбалски натпревари истовремено од две натпреварувања. Еве издвојуваме дуели за в сабота, 25 април, од 16 часот:
– Во Втората лига на Македонија е 26. коло. Во таа рамка е дуелот Победа Прилеп – Осогово Кочани. Се игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, в сабота од 16 часот. Во истото време Големо Коњари гостува кај Саса во Каменица. Табела: Брегалница Ш. 58, Охрид, Скопје и Шкендија А. 56, Беласица 49, Осогово 47, Детонит 44, Новаци 43, Кожуф 36, Тетекс 33, Саса 29, Вардар Н. 19, Преспа и Слога В. 12, Победа 11, Големо Коњари 7.
– Во Општинската Б-лига на ОФС Прилеп е 13. коло. Во таа рамка за в сабота од 16 часот се дуелите Прилеп сити – Корзо (на Могила во Прилеп), Канатларци – Канатларспор (во Канатларци) и Братство – Боротино (во Житоше), додека Пролетер Прилеп – Партизан Обршани е в недела од 15 часот (на игралиштето со вешташка трева во Прилеп). Табела: Братство 28, Партизан и Прилеп сити по 21, Канатларспор 20, Пролетер 18, Корзо 15, Боротино 13, Канатларци 6.
Вчера (четврток) се одигра Канатларспор – Братство 1:1, со головите на Мердан Керимоски за домашните и на Артим Јусуфи за гостите.