На ист терен настапуваат прилепските екипи Прилеп сити и Корзо, така што секој нивни дуел е локално дерби. Иако разликата меѓу нив е 6 бода, се очекува интересен меч за публиката. Се игра на игралиштето кај Могилата во Прилеп, в сабота, од 16 часот.
Денеска (четврток) од 16 часот е мечот во Канатларци, Канатларспор – Братство Житоше, заостанат од претходното коло на овој ранг, Општинската Б-лига на ОФС Прилеп.
Потсетуваме на сите двојки од следното 13. коло: Пролетер – Партизан, Прилеп сити – Корзо, Канатларци – Канатларспор и Братство – Боротино.
ТАБЕЛА:
Братство (Житоше) 27
Партизан (Обршани) 21
Прилеп сити 21
Канатларспор 19
Пролетер (Прилеп) 18
Корзо (Прилеп) 15
Боротино 13
Канатларци 6.