Фудбал

ОНА ШТО ПЕЛИСТЕР Е ЗА БИТОЛА, ВАРДАР ЗА СКОПЈЕ, ТОА Е ПОБЕДА ЗА ПРИЛЕП!!!

Само што се објави веста за активностите во врска со спасувањето на Победа, почнаа разни коментари – домашни од прилепчани, но и од страна, од другите градови. Главно тие од другите градови се со прашања од типот: Треба ли моќни луѓе или институции токму сега и токму во врска со Победа?

Можеби на луѓе од други градови не им е сосема јасно, но на прилепчаните, коишто го сакаат спортот, многу им е познато што за градот под Марковите Кули отсекогаш значело и значи името Победа. Тоа е името под кое пред децении и децении се настапувало успешно во Купот на Југославија (дури до четвртфиналето) , во Втората лига на Југославија (дваесетина сезони), во првенството на Македонија (двапати е освојувана титулата шампион), во Купот на  Македонија (еднаш е освоен пехарот), во системот на УЕФА (32 официјални мечеви). Секој град има по некој омилен клуб. Така често можеме да видиме како скопјаните се гордеат со Вардар (и фудбалскиот и ракометниот), битолчаните со Пелистер (фудбалскиот, особено ракометниот). Како би реагирале и едните и другите да ги снема нивните омилени клубови или такво нешто да им се заканува? Би се бореле до максимум. Истото е и со Прилеп сега, затоа што во најтешка криза е Победа. Она што за Битола претставува Пелистер, за Прилеп е Победа. Победа со сето она што е нејзина богата историја, едноставно, заслужи прилепчаните да се борат за неа. Затоа – поддршка за луѓето што се пријавиле да придонесат во битката за спас, за средување на клубот во овој зимски период и за спасоносна борба за средината од табелата во второлигашкото друштво. Борбата има смисла. Борете се до максимум и – спасете ја Победа во интерес на Прилеп и Прилепско, во интерес на Македонија.

Мора бргу, веднаш, со активности – затоа што е неопходно назначување на луѓе што ќе раководат со клубот, па стручњаци што ќе го водат тимот,  па доведување засилувања во тимот, чии подготовки треба итно да стартуваат оти пролетниот дел од второлигашкото првенство почнува рано – на 21 февруари, дома со Новаци.

 

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕПСКА БИЗНИС ЛИГА: ВЕСЕЛО ОД МНОГУ ИГРАЧИ ЗА КРАЈ НА ПРЕТХОДНАТА И НАЈАВА НА СЛЕДНАТА СЕЗОНА!

Зоран Иге

(фото, состави) НАЈНОВО ПРЕД МЕЧОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА ВО КОЧАНИ!

Зоран Иге

(видео) ЗА ФЕНОМЕНОТ  ДВЕ ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ НА ТРЕНИНЗИТЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион