Со оглед на тоа што веќе на 7 февруари се игра првото првенствено коло во 2026 година во Супер лигата на Македонија во ракомет за мажи, веќе се одвиваат зимските подготовки, меѓу нив и на Ракометниот клуб Прилеп. Стручниот штаб, предводен од главниот тренер Наум Танески и асистентот Методија Петлески, одлучиле сите тренинзи да се одржат во Прилеп. До нивниот крај можно е да се одиграат и неколку пријателски мечеви.
Што се однесува до играчкиот кадар, заминат е левиот бек Божидар Лековиќ, но дојдени се десните бекови Никола Шипинкоски (Охрид) и Лука Ѓорѓиевски (Еурофарм Пелистер Битола). Натаму заминувања не се планирани, а не е исклучено доаѓање на уште еден ракометар.
Во борбата за пласман во плејофот (шесте најдобри) на 7 февруари во 19. коло Прилеп гостува кај Охрид.
Табела: Вардар Скопје 34, Еурофарм Пелистер Битола 30, Охрид 29, Алкалоид Скопје 29, Тиквеш Кавадарци 18, Бутел Скопје 18 – Еурофарм Пелистер 2 Битола 17, Прилеп 16, Пролет Скопје 12, Куманово 7, Струга 6, Радовиш 0.