Според ждрепката во Фудбалската федерација на Македонија, во 1. рунда од Втората лига екипата Големо Коњари е домаќин на Детонит од Радовиш, а Победа му гостува на Новаци. Мечевите се на 23 август. Еве го комплетното 1. коло: Вардар (Неготино) – Тетекс (Тетово), Брегалница (Штип) – Кожуф (Гевгелија), Новаци – Победа (Прилеп), Саса (Каменица) – Осогово (Кочани), Охрид – Беласица (Струмица), Скопје – Слога (Виница), Големо Коњари – Детонит (Радовиш), а Шкендија (Арачиново) слободна.
Во рамките на 16-финалето од Купот на Македонија, Победа во Прилеп игра со Башкими (Куманово). Мечот е на 26/27 август.