И натаму тешко се доаѓа до официјални информации поврзани со Фудбалскиот клуб Победа. Неодговорено остана прашањето дали акциите од акционерското друштво АД Победа се префрлија на Општина Прилеп или пак во последен момент се наѕира втора опција? Според она што се зборува меѓу упатените низ Прилеп, до крајов на неделава ќе се знаело дали таа втора опција ќе биде избрана. Очигледно дека првата опција засега е во мирување, а да беше реализирана сигурно дека ќе имаше и официјална информација од Општината.
Како и да е, тешко и претешко е, но борбата за спас на клубот трае, а паралелно се бараат играчи за реализација на подготовките.
