Фудбал

ПРИЛЕПСКИОТ БИСЕР АРИФИ ПАК ДАДЕ ГОЛ, НА ПЕЛИСТЕР!

Пак во голгетерска форма е фудбалерот на сениорската и младинската екипа на Победа, Салим Арифи. Овој прилепски бисер со својата дарба за тресење мрежи и височина од 191 сантиметар е нерешлив проблем за противничките голмани. Така и вчера во Битола, пред очите на големите фудбалски легенди Тони Мицевски и Митко Стојковски, на мечот од 3. коло Пелистер – Победа, Арифи го откри резултатот за водство на Победа уште рано, во 7. минута, за 0:1 што важеше до 23. минута, по што домашните фаворити, поискусни, возвратија со четири гола. Сепак, голот на Арифи е вреден за негов голгетерски континуитет (и претходната недела даде два гола со Македонија ЃП) и оправдување на големите очекувања за него од јавноста. Имено, и вчера во Битола се распрашуваа, што не е изненадување ако се знае дека и од државава и од странство имаше и претходно интерес за него, младо момче кое штотуку наполни 18 години. Се зборува за интерес од повеќе клубови, а притоа следи прашањето дали Победа ќе може да го задржи?

За Салим Арифи нема одмор (за два дена има два меча), бидејќи како член и на сениорскиот тим на Победа денеска (недела) го очекува гостување на Беласица во Струмица.

Од категоријата

ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ СЕ ВРАЌА ПО ТРИ ГОДИНИ ПАУЗА!

Зоран Иге

СО НОВ ТРЕНЕР И ИГРАЧИ УТРЕ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

(состави, стрелци) ОД ТРИ-НУЛА ДО ТРИ-ДВА ВО НЕГОТИНО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе