Викендов е стартот на општинските лиги на ОФС Прилеп. Вкупно се 14 екипи. Иако општински ранг, сите клубови се подготвија според можностите. Од Сенокос стигна убава вест дека Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда го дотера игралиштето како за висок ранг. Впрочем, овој клуб избори право за учество во Третата лига – Југ, но сепак во последен момент е одлучено да учествува во Б-групата од Општинската лига на ОФС Прилеп. Денеска (15 часот), во рамките на 1. коло, во Сенокос се игра мечот Црвена ѕвезда – Боротино.
Еве го распоредот од двете групи. Во А-лигата: Прилеп сити – Козара 1:1 (вчера), Кадица – Напредок, Стрела – Корзо (денеска претпладне), Млекар слободен. Во Б-групата: Братство – Гарван, Пролетер – Кадино (денеска претпладне), Црвена ѕвезда – Боротино (Сенокос, денеска од 15 ч.), Динамо слободен.