Шах

ШАХ ПОД ВЕДРО НЕБО ВО ПРИЛЕП!

В четврток е 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп и по тој повод има шаховски брзопотезен турнир во организација на ШК Прилеп. Турнирот е нтересен по тоа што се одржува надвор, на отворено, под ведро небо. Во Прилеп има таква можност, место пред Домот на културата кое е само шаховско, со огромна табла. Тука, ваков турнир се одржа уште 2012 година, откога е фотографијата. Целта е да се вклучат во овој спорт што повеќе приврзаници. Така, овојпат ќе може да се игра шах не само во рамките на турнирот, ами и надвор од него, меѓу обични граѓани кои обично од оваа древна игра имаат партии по домовите, дворовите или парковите.Турнирот в четврток започнува во 11 часот, а пријавувањето на учесниците половина час порано.

Шахот во Прилеп има долга традиција, а и сега ја враќа масовноста. Така, претходниот викенд брзопотезен турнир имаше во Кривогаштани, на кој победи Благоја Колески со 8,5 поена од 9 партии, а беа 22 шахисти.

Од категоријата

(ФОТО+ВИДЕО) МЕТЕЖ КАЈ ШАХОВСКАТА ТАБЛА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

БОРБА ЗА ВТОРОТО МЕСТО

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА ШАМПИОНОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе