Прилепскиот млад шахист Никола Павлески(16-годишен) одлично одигра на Европското сениорско поединечно првенство во забрзан шах („блиц“ и „рапид“) одржано во Приштина, Косово.
Во дисциплината „блиц“ меѓу 370 учесници Павлески го освои 189. место со 6,5 поени – преку 6 порази, 1 реми и 6 победи. На стартот имаше 248. позиција. Европски шампион е ВМ Џорден ван Форест од Холандија со 11 поени. Најдобропласиран од Македонија е 25-годишниот Филип Михов на 74. место со 8 поени.
Во дисциплината „рапид“ меѓу 374 учесници Павлески е 178. место со 5,5 поени – преку 4 порази, 3 реми и 4 победи. На стартот беше рангиран на 184. место. Европски шампион е ВМ Паулиус Пултиневфичиус од Литванија со 10 поени. Најдобропласиран од Македонија е 41-годишниот ИМ Дејан Стојановски на 34. место со 7,5 поени.
Според ова, во едната дисциплина 16-годишниот Никола Павлески е подобар од 181, во другата е подобар од 196 сениори.