Денешниот е третиот ден од Деветтиот меѓународен шаховски турнир „Шолта опен 2026“ во Грохоте на островот Шолта, крај Сплит, Хрватска. Планирани се 9 кола, од 23 до 30 јуни, така што денеска (четврток) закажани се две кола во исти ден. Претпладнето, во 10 часот, се одигра 3. коло, во кое прилепчанецот и единствен македонски претставник, ФМ Роберт Велески изваде реми против фидемајсторката Гупта Адја од Индија. Претходно Велески постигна победа со Зузана Новак од Полска, а загуби од ВМ Хаген Поех од Германија. Попладнево е 4. коло, во кое противник на нашиот шахист е мајсторската кандидатка Берен Каљонцу од Турција. Вкупно учесници се 75 шахисти од 20 држави, меѓу нив 3 велемајстори – Хаген Поех од Германија, Заур Мамадов и Нармин Мамадова од Азербејџан.
На табелата ФМ Роберт Велески со 1,5 поен е на 31.место, а во водство е ВМ Хаген Поех од Германија со 3 поени.