Ова што се случува со Фудбалскиот клуб Победа не ги загрижува само прилепчаните, ами и фудбалски инволвираните во другите македонски градови. Самото име Победа премногу значи, така што се спомнува како тема и таму каде што клубот не е присутен. Така беше во Прилеп, на првото издание од Меѓународниот турнир „Лимонада куп“за фудбалери родени 2011 година, при учеството на домаќинот Вондеркидс (Прилеп) и гостите Вардар (Скопје), Пелистер (Битола) и ПАС Флорина (Лерин, Грција). При секој разговор со претставниците на клубовите – учесници се дискутираше и за турнирот, но и за состојбата во Победа. Пример се Стевче Талески (Вондеркидс) и Драган Димитровски (Пелистер) на подолното видео,
ВИДЕО
Турнирот се одигра по бод-системот „секој против секого“и на крајот табелата го доби следниот изглед: Пелистер, Вардар, Вондеркидс, ПАС Флорина.