Фудбал

(фото) ОВА Е ПРИЛЕП: ЗА ПУБЛИКАТА ЗАБРАНА, А ГЛЕДАЧИ ГИ ПРЕПОЛНИЈА СКАЛИТЕ!

Фудбалот во Прилеп штом се спомне како тема, тогаш се мисли и на публиката како белег. Затоа честопати се поставуваше прашањето како ќе поминат четирите меча забрана за присуство на публика при мечевите дома на најсаканиот клуб Победа, како денешниот со Новаци. Беше трет по ред од казната на ФФМ, прв пролетен. Бидејќи не смееше ниеден од навивачите или симпатизерите да биде присутен внатре во Градскиот стадион „Гоце Делчев“, народот што не може без фудбал се упати на скалите кај старата болница, од каде што се гледа добар дел од настаните на теренот. Денеска скалите, всушност, се исполнија докрај со публика. Тоа не е никакво изненадување – прилепчаните и во минатото, со децении и децении наназад тука се групирале, ообено таканаречените „борини“, луѓе коишто се интересирале и за натпревари и за тренинзи поврзани со саканата Победа.

Публика на скалите надвор од стадионот имаше и на претходните два меча дома, со Кожуф и со Брегалница Ш., а сигурно ќе има и на последниот од казната, четвртиот, со Преспа, на 3 март.

Од категоријата

УШТЕ ДВАПАТИ ЌЕ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото) ЕКССТОПЕРОТ НА ПОБЕДА УСПЕШНО ОПЕРИРАН!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПОЗНАТИ СЕ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион