Ракометот обично е во сабота, но викендов има измена. Ниту машката екипа Прилеп, ниту женската Деспина, не играат во сабота (утре), туку во петок и во недела.
Имено, во рамките на 6. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, дуелот Прилеп – Струга е вечерва од 18 часот во салата на СОУ „„Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Интересно е што тренер на Прилеп е стружанецот Наум Танески.
ТАБЕЛА
Во рамките на 4. коло на Првата лига на Македонија за жени, мечот Деспина – МРК Ѓорче Петров е в недела од 16.30 часот, во истата сала – на СОУ „„Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.
ТАБЕЛА
Причина што ракомет воопшто нема во сабота е тоа што токму тој ден во истата сала е одржувањето на Петнаесеттиот меѓународен турнир во џудо „Град херој 2025 – Цевитана куп“.