Наместо утре (сабота), поради Петнаесетиот меѓународен турнир во џудо „Град херој 2025 – Цевитана куп“, вечерва (петок) имаше ракомет во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Во рамките на 6. рунда од Супер лигата на Македонија за мажи, Прилеп – Струга 34:27. Прилепскиот тим, воден од стружанецот Наум Танески, прилично лесно го совлада гостинот, имајќи предвид дека отпорот на гостите траеше 16 минути, а потоа водството на домашните се зголеми и беше недостижно. На полувреме беше 18:11. Најдобри стрелци: Денис Шабановиќ 6, Александар Тренчевски и Димитар Димитриоски по 5 (Прилеп) – Филип Мечкароски 8, Наум Костов 7 гола (Струга).
ЗАПИСНИК
Во следното коло на 11 октомври Прилеп е гостин на Вардар во Скопје.
ТАБЕЛА
