Колку е преубаво да се слушне, а камоли да се учествува во овој настан на игралиштето кај Могилата во Прилеп. Таму пријателски фудбалски меч одиграа клубовите Корзо 2016 (Прилеп) од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп, предводен од Ристе Ристески, Драган Ташкоски и Дејан Ристески – Бонбончето и Козара (Заполжани) од Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, а всушност поентата на мечот е – збратимувањето. Значи не е вредна само играта, резултатот 3:3, туку највредно е дружењето, збратимувањето на играчите, тренерите, членовите на управите, симпатизерите, сите од едната и сите од другата страна. Голема е благодарноста до двата клуба што се согласија за ова збратимување, со потпишана повелба, како документ, со неа тренерите – Денис Тркалески од ФК Козара, Драган Ташкоски од ФК Корзо.
Објавуваме неколку фотографии (насловната е со додадена публика) од настанот што ќе остане во долго паметење:

