Иако продолжува со настапи само на најсилни меѓународни натпреварувања, прилепчанчето Марко Димитријоски освојува медали. Минатиов викенд членот на Џудо клубот Пролетер од Прилеп стигна до бронзен медал во кадетска конкуренција до 50 килограми и Купот на Англија во Бирминген. Имаше вкупно 4 борби – три победи и пораз во полуфиналето. Успех, со оглед на тоа што ривали му беа врвни џудисти од Велика Бротанија.
Медалот не е никаква случајност, ако се земе предвид дека Марко Димитријоски е досега освојувач на голем број награди на меѓународни натпреварувања.