Фудбал

НАЈНОВО: И ОФС ПРИЛЕП СО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ФК ПОБЕДА, ПРЕРЕГИСТРИРАНИ УШТЕ 7 ФУДБАЛЕРИ ЗА В САБОТА!!!

Случувањата во Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп предизвикаа многу обраќања, соопштенија до јавноста, не само од клубот, ами и од разни организации, а последно до нашиот медиум стигна соопштението од Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп. Во врска со ФК Победа од таму како организација имаа разбирање и придонесоа и во овие најтешки околности сениорскиот тим да ги исполни сите услови за учество во првото пролетно коло, а покрај 15 играчи коишто се појавија во саботата против Новаци, дознаваме дека уште седуммина имале извршено регистрација/пререгистрација, така што ќе имаат право и тие да настапат во второто пролетно коло (вкупно 17-то) следната сабота, на 28 февруари, со Саса во Каменица.

Во продолжение соопштението од ОФС Прилеп ви го пренесуваме во целост:

„Во градот Прилеп една од најактуелните теми е ФК Победа и ситуацијата во која се наоѓаше клубот. Имено, во последен момент од страна на Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп, со претседателот Марјанчо Стојковски, се изнајдоа компромисни решенија. За екипата да настапува, навремено беа регистрирани играчи за да можат да настапат, и беа исполнети сите услови за клубот да учествува во 16. коло, за клубот да не згасне од фудбалската карта.

Големи се заслугите на ОФС Прилеп за организирањето и развојот на локалниот фубал и активно учествува во развојот на фудбалските активности во Прилеп, поддржувајќи клубови и организирајќи ресурси за нив. Во 2014 година е изграден теренот со вештачка трева со заслуги на ОФС Прилеп и претседателот, терен кој до ден-денеска 24/7 се користи за тренинзи и натпревари, каде услугите ги користат повеќе од 1.000 спортисти секојдневно. Во периодот на пандемијата со корона-вирусот тешко беше и за фудбалските екипи. Се соочуваа со материјални и финансиски проблеми. Затоа, ФФМ помогна до ОФС Прилеп, предводен од членот на УО во ФФМ, Марјанчо Стојковски – Манта. Излегоа во пресрет на сите, го помагаа спортот, кој во последно време на Македонија и ги донесе најголемите радости.

Опфатени се сите рангови – од највисокиот до најнискиот. Тука е и ФК Победа, со сите нејзини категории, женскиот клуб… Се донира на секој клуб од општинските лиги по 15.000 денари, како и опрема, топки… И за третолигашите истото. Пред сезоната на сите им олеснивме преку неплаѓање на котизацијата. Секоја натпреварувачка сезона екипите се потпомогнати со опрема и топки.

Од страна на Фудбалската федерација на Македонија и Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп на ФК Победа и се простени големи финансиски средства по основа на котизации, регистрација и членарина на фудбалерите.“

Од категоријата

ВЕЧЕРВА ПОЛУФИНАЛЕ: ОХРИЃАНИ ПРОТИВ КРУШЕВЧАНИ, ПРИЛЕПЧАНИ ПРОТИВ СКОПЈАНИ!

Зоран Иге

(фото, состави) ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО „ПЕТКА“ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА КАПИТЕНОТ!

Зоран Иге

ОДМОРОТ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА Е ОКОЛУ 45 ДЕНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион