Летоска од екипата на прилепска Победа во Митровица се пресели напаѓачот Салим Арифи. На 18-годишното момче не му треба воопшто време за прилагодување, туку веднаш почна со тресење мрежи насекаде – и дома и на гости. Веќе информиравме неколкупати за неговите голови во рамките на Косовската лига, а еве ја и најновата вест – постигна гол за бод на неговиот тим на гости, Влазниа – Митровица 1:1.
Екипата Митровица е прва на табелата, а тоа не е случајно ако се има предвид дека има многу спознори, приватни компании. На последната клупска објава, напишани се имињата на 14 компании, поддржувачи.