Прилепчаните кога зборуваат позитивно и со емоции за прилепска Победа може да се протолкува дека се субјективни, но има познати неприлепчани коишто истото го прават, дури и јавно, преку медиуми. Последен пример е легендарниот спортски новинар Зоран Михајлов (битолчанец кој одамна е жител на Скопје), кој гостуваше во емисијата „Да си кажеме“ од Горан Петрески на ТВ Телма од Скопје. Иако темата беше фудбалската репрезентација на Македонија, тој неколкупати ја спомна прилепска Победа, клуб којшто ја доживува најтешката криза. Подолу е видеото со емисијата од ТВ Телма.
ВИДЕО