Екипата Младост 96 од Прилеп има амбиција за атак кон титулата, засега е на второто место со 16 бода, само 2 помалку од шампионот Крива Паланка. Тоа е добрата страна од настапите на прилепскиот тим, но има и лоша – 2 пораза во досегашниот дел, во деветте кола – покрај од шампионот, во 8.коло и од штипскиот Шампиони ФА. Ова е неочекувано и не требаше да се случи. Меѓутоа, тимот не издржа некомплетен – дури тројца беа отсутни: Андреј Лашкоски (други обврски), Ѓоко Јочкоски (здравствени проблеми) и штипјанецот Петар Костовски (немање доволно тренинзи).
Но остануваат и натаму шансите во основниот дел и во плејофот, така што се очекува овој силен прилепски тим предводен од Ѓоко Јочкоски кој е и тренер, сепак да се покаже најдобар во оваа конкуренција.
Инаку претходниов ден, вчера, во еден ден се одиграа две кола, осмото и деветтото во Супер лигата.
РЕЗУЛТАТИ ОД 8.КОЛО: Вардар Скопје – Астраион Струмица 0:4, Крива Паланка – Крива Паланка 2007 4:1, Пелагонија Битола – Ѓорче Петров Скопје 4:1, Телеком нец Скопје – Радовиш 4:1, Шампион ФА Штип – Младост 96 Прилеп 4:2. За прилепски Младост 96 настапија Србинот Ѓорѓе Борчиќ (2 добиени партии), Антонио Стомнароски и крушевчанецот Нико Доага.
РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО: Радовиш – Вардар Скопје 1:4, Ѓорче Петров Скопје – Шампиони ФА 3:4, Крива Паланка 2007 – Пелагонија Битола 1:4, Астраион Струмица – Крива Паланка 1:4, Младост 96 Прилеп – Телеком нец 2 4:2. За прилепски Младост 96 настапија Србинот Ѓорѓе Борчиќ (1 победа и 1 пораз), Антонио Стомнароски (1 победа и 1 пораз) и крушевчанецот Нико Доага (2 победи).
ТАБЕЛА
Во следните две кола Младост 96 Прилеп игра со Радовиш и со Вардар Скопје.