Нема да се чека сабота 25 мај за да се добие првиот финалист во плејофот за пингпонгарски шампион на Македонија, затоа што денеска се одиграа двата меча (првиот и реваншот) од полуфиналето. Во Пингпонгарската арена „Младост 96“ во Прилеп се сретнаа прилепските ривали, Младост 96 и Младост.
Се одигра речиси без прекин од 11 до 15 часот. Првиот меч го доби Младост 96 со 4:0. Две партии доби Србинот Ѓорѓе Борчиќ, по една Антонио Стомнароски и Андреј Лашкоски. На вториот дуел, реваншот, Младост 96 пак победи со 4:0. Овојпат Антонио Стомнароски доби две партии, по една Андреј Лашкоски и Ѓорѓе Борчиќ. Екипата ја водеше тренерот Гоце Тошески.
За поразениот тим Младост успех е и самото учество во полуфиналето од плејофот. Настапија: Зоран Јованоски, Дамјане Стојчев и Лука Стојчев. Екипата ја водеше тренерот и играч, Зоран Јованоски.
Претстои финалето. Таму екипата Младост 96 во битката за титулата ќе се сретне со поуспешниот од дуелот Крива Паланка – Телекмо нец 2 од Скопје.