Ништо не е готово, туку борбата за титулата со Плејофот на Супер лигата во пинг-понг продолжува и денеска. По вчерашната сензација на првиот полуфинален меч во Прилеп, Младост 96 Прилеп – Шампион ФА Штип 2:4, во салата од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, денеска од 12 часот е реваншот во Штип. Прилепскиот тим не ја губи вербата дека може да возврати со иста мерка, со оглед на квалитетот (Ѓорѓе Борчиќ, Андреј Лашкоски, тренерот-играч Ѓоко Јочкоски, а на располагање се уште Антонио Стомнароски, Нико Доага и Петар Костовски). Доколку победи со иста мерка, Младост 96 ќе игра и трет меч со Шампион ФА, трет меч таканаречен „мајсторка“. За штипскиот тим Шампион ФА настапуваат: Филип Младеновски, Драган Ѓорѓевиќ, Амелија Николов, тренерот-играч Сашко Богатинов и Александар Кралев.
Денешниот реванш во салата од СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип е од 12 часот.