100 години фудбал во Прилеп

ДОГОВОР СО ПОБЕДА ОД ОСУМ ГОДИНИ!

Сега фудбалерите мошне често ги менуваат клубовите, а некогаш не беше така. Во прилепска Победа, во времето кога учествуваше во Втората југословенска лига, долго, со години настапуваа не само прилепчаните туку и играчите отстрана. На тоа ги обврзуваше договорот во траење од повеќе години. Таков пример е Ристо Глигороски, центарфорот од Охрид. При трансферот од струшки Караорман во Победа, зимата 1970 година, за прилепскиот клуб потпишува осумгодишен договор. На тој начин пропаѓаат сите обиди на повеќе клубови, меѓу кои и на гигантот Партизан да го доведе во Белград. 

„За разлика од денешново време, тогаш имаше долги договори. На Глигороски, за осумгодишната верност, му дадовме осум милиони југословенски динари. Со тие пари си купи куќа во Косел, Охридско“, потсетува Благоја Миноски, тогашен претседател на Победа.

Поради договорот, Глигороски дури во 1978 година му пристапи на скопски Вардар.

 

Од категоријата

ВИОЛИНА ВО СПОМЕН НА ПОБЕДА ВО ПОЛСКА!

Зоран Иге

ЕДЕН КЛУБ НАЈАВЕН, ДРУГ ГОСТУВАШЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

СИЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА ИЛИНДЕН

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе