100 години фудбал во Прилеп

ПРЕВРТЕН КОШ СО ТУТУН ПОРАДИ ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

Прилеп е најфудбалскиот град и затоа често фудбалот е причина за чудни случки. Цане Башески – Баше е еден од најпознатите најзагреани навивачи на Победа. Како и мнозинството прилепчани – тутунар. Планот е со сопругата да однесе на нива два коша тутунов расад за да се насади, но постои голем проблем. Проблемот е што тој ден од 17 часот е големото фудбалско дерби Победа – Беласица.

– Два коша расад, а треба да завршиме со работата до 14-15 часот. Потоа одам на фудбал. Како да стигнеме, кога сме само двајца, јас и сопругата? Брзаме-брзаме, садиме со колчињата, времето лета. Не правиме ни секунда одмор, иако е невидена горештина, како под вршник. Едниот кош некако ќе го насадиме, ама другиот – нема шанса. Му велам на тој од соседната нива дека морам да одам на стадион, па да му го дадам вториот кош оти не можам да стигнам до 15 часот. Тој, еден од ретките прилепчани што не го интересира фудбал, се смее и не му се верува оти ќе ја оставам работата. Земи го кошот, оти ќе го превртам в ендек. Убав расад е, земи си го и насади го, го молам. Тој продолжи да се смее и не ми верува дека за некоја игра со топка по која трчаат дваесет и двајца ќе сум го оставел тутунот. Дојде 15 часот, го зедов кошот, го превртев и го истурив расадот во ендекот. Соседот само се фати за глава и остана скаменет, а јас со жената брзо дома, потоа на стадион. Кај можам да издржам – цел град на фудбал, а јас на нива?

Настанот е од 17 јуни 1979.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ДОСУДИ ПЕНАЛИ ВО 87. И 89. МИНУТА ВО ВИЕНА!

Зоран Иге

ВИКОТНИЦИ ВО КАБИНАТА!

Зоран Иге

НА ДЕРБИ КОГА ГОСТУВА БЕЛАСИЦА, СТАДИОНОТ Е ПОЛН ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе