Привршува и ова првенство од Втората лига на Македонија, бидејќи останува да се одиграат уште 4 кола. За прилепска Победа тоа значи 2 меча дома, 2 на гостински терен. Прилепските гледачи ќе можат да го гледаат својот тим во дуелите со тетовски Тетекс и со неготински Вардар. Мечот со Тетекс е денеска од 16 часот. На Градскиот стадион „Гоце Делчев “во Прилеп шанса за ново искуство на кадетско-младинскиот состав од Победа.
ДВОЈКИ ЗА 27. КОЛО (денеска, 16 часот): Победа (Прилеп) – Тетекс (Тетово), Осогово (Кочани) – Кожуф (Гевгелија), Шкендија (Арачиново) – Вардар (Неготино), Беласица (Струмица) – Брегалница (Штип), Слога (Виница) – Новаци, Детонит (Радовиш) – Саса (Каменица), Скопје – Охрид. В недела од 16 часот: Големо Коњари – Преспа (Ресен).
ТАБЕЛА:
- Брегалница Ш. 61
- Охрид 59
- Скопје 59
- Шкендија А. 59
- Беласица 52
- Осогово 50
- Детонит 45
- Новаци 44
- Кожуф 36
- Тетекс 33
- Саса 32
- Вардар Н. 19
- Преспа 12
- Слога В. 12
- Победа 11
- Големо Коњари 7.