Фудбал

(фото) ПРИЛЕП: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОД ФК ПОБЕДА!!!

Тукушто до нашиов медиум пристигна соопштението за јавноста од ФК Победа од Прилеп. Го објавуваме во целост:

—————————————————————————————–

              СООПШТЕНИЕ до јавност

Почитувани,

Друштво за спортски активности ФУДБАЛСКИ КЛУБ “ПОБЕДА” АД – Прилеп со седиште во Прилеп на ул. „Александар Македонски“ бб со ЕМБС 6588689, ја известуваме фудбалската и спортската јавност:

Да ја појасниме моменталната ситуација во нашиот клуб, во месец април 2025 година дојде до промената на мнозинскиот акционер на нашиот клуб, новиот мнозински акционер, е со став дека не сака да го води клубот, па така на единственото легитимно и легално акционерско собрание не постави лица кои би раководеле со клубот и не назначи извршен директор.

 Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот времески период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнајдувањето на долгорочно решение. На советот на  општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.

Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Со почит, 

Прилеп ФКПобеда Прилеп
10.02.2026 година  

 

Подолу е факсимил од оригиналното соопштение:

 

Од категоријата

ПОЗНАТИ 9, А НЕПОЗНАТИ 6 РИВАЛИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ОФС ПРИЛЕП: НАМЕСТО КАДИЦА, МЛЕКАР Е ТРЕТОЛИГАШ!

Зоран Иге

(фото) ЧУДО: ПО ТОЧНО 50 ГОДИНИ СЕ ВРАТИ ВО ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион