Нов третолигаш, претставник на ОФС Прилеп најавена е екипата Млекар од Мало Коњари. Таа ќе биде пријавена до Управата на Третата лига – Југ во Кавадарци. Млекар беше поразениот ривал со 2:0 од Кадица (Забрчани) во финалето од плејофот на Општинската лига на ОФС Прилеп. Но од победничкиот клуб одлучија да не одат во повисок ранг, имајќи ја предвид финансиската ситуација, како и состојбата со теренот во Забрчани. Клубот не сака да игра како домаќин на друг терен надвор од своето место и затоа му овозможи на Млекар да се пријави. Следното првенство почнува во септември.
Млекар последен пат во Третата лига – Југ има учествувано во сезоната 2015/16.