Во Министерството за спорт денеска беше презентиран новиот проект за промоција и популаризација на македонскиот спорт. Три национални спортски федерации – ракометната, кошаркарската и одбојкарската федерација на Македонија потпишаа договори за соработка со Македонската радио телевизија (МРТ) со цел да се подигне квалитетот на македонските лиги во најмасовните спортови, но и генерално да се подигне нивото со поголема полуразирација на спортот.
Договорите на јавниот сервис со трите национални спортски федерации се однесува на проект кој ќе стратува од септември и треба да трае четири сезони.
