И натаму Прилеп се бори за врвот од табелата во плејаут-фазата на Супер лигата на Македонија. Остануваат уште два меча. Вечерва (19 часот) е претпоследниот – гостување кај Радовиш, а претстојниот викенд последниот – дома со Струга.
Претходно екипата на Страшо Илиоски постигна 5 победи, 1 реми, доживеа 2 пораза, за вкупно 13 бода, 2 помалку од скопски Пролет.
