За три дена два меча – таков е распоредот на прилепска Деспина во Првата женска ракометна лига. Во рамките на 1. коло синоќа во Скопје Шампион – Деспина 12:29. Подолу се составите на екипите:
ШАМПИОН: Катја Маркоска, Калина Калиновска, Клара Тодоровска, Евгенија Бошковска 2, Тијана Калиновска, Наташа Спасовска, Далила Зекир 2, Берина Јановиќ, Христина Трајанова 2, Хана Вукељ 3, Викторија Димеска 1, Јована Васовска 2. Тренер: Ненад Богоевски.
ДЕСПИНА: Меланија Спасеска, Магдалена Ѓорѓиоска 5, Милена Спасеска, Матеа Христоска 5, Мери Спиркоска, Весна Христоска 1, Маја Ристеска 3, Евгенија Илиева 1, Ивана Спасеска 2, Христина Маркоска 1, Ивана Конеска 3, Мери Гичева 1, Деспина Пајкароска, Анастасија Јованоска 7. Тренер: Зоран Спиркоски.
Во рамките на 2. рунда, веќе утре (сабота) од 19.00 часот е следниот меч, Деспина – Атлетик (Скопје). Дуелот е во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Во претходното коло екипата Атлетик беше слободна, бидејќи во оваа лига се непарен број екипи – 7.
Во истата прилепска сала од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ има и машки ракомет, од 2. рунда на Супер лигата, Прилеп – Куманово. Тој е в недела од 18 часот.