Во Приморско, Бугарија, во минатите пет дена се одржа Екипно шаховско првенство на Бугарија во машка конкуренција, со учество на 13 клуба. Таму уште еднаш со настапите сите нас не израдува фидемајсторот од Прилеп Роберт Велески. Беше член на екипата Ан Пасан од Софија, со која стигна до второто место и вицешампионската титула.
Велески одигра 5 меча, на кои има 1 пораз (од ВМ Радослав Димитров), 2 реми (со ФМ Георги Стаматов и со Бојан Михајлов), 2 победи (против Емил Младенов и со ФМ Момчил Желев). Соиграчи на прилепчанецот му беа: ИМ Сашо Николов, Владимир Павлов, Станислав Ботев и Стојко Ботев. Еве ги резултатите на екипата Ан Пасан (Софија): Гебеџе (Белослав) 2,5:1,5, Сливнишки герој (Сливница) 3:1, Бургас 2 (Бургас) 2,5:1,5, Бургас 1 (Бургас) 0:4, Сините камани (Сливен) 3:1, Виктори (Благоевград) 2:2.
Табела: Бургас 1(Бургас) 12 бода, Ан Пасан (Софија) 9, Виктори (Благоевград) 9, Сините камани (Сливен) 7, Спартак (Плевен) 6, Тунџа *Јамбол) 6, Великова (Софија) 5, Гебеџе (Белослав) 5, Бургас 2 (Бургас) 5, Сливнишки герој (Сливница) 5, Арда (Кирџали) 5, Кракра пернишки (Перник) 3, Обористе (Панаѓуриште) 1.
На првенството учесници беа 69 Бугари, по еден Англичанец и Данец, како и двајца Македонци – покрај ФМ Роберт Велески беше и скопјанецот ФМ Александар Кралевски во екипата Великова (Софија).