И покрај кризниот период за прилепскиот спорт, во фудбалот и натаму голем е бројот на клубовите коишто имаат екипи во сениорските лиги. Од август борба за бодови од ОФС Прилеп почнаа две екипи во Втората лига (Победа и Големо Коњари), а во овој месец – септември во првенствата се вклучуваат уште 22 тима.
Според наши информации, на 14 септември од 16 часот се играат мечевите во Третата лига – Југ, ранг каде има 7 клуба од ОФС Прилеп. Еве ги двојките: Превалец (Велес) – Млекар (Мало Коњари, Прилеп)
Питу Гули (Крушево) – Дреново (Дреново, Кавадарци)
Слога (Лажани, Прилеп) – Башкими (Јаболчиште, Велес)
Младост (Кривогаштани, Прилеп) – Ултрас (Прилеп)
Бучин (Бучин, Крушево) – Венец (Долни Дисан, Кавадарци)
Росоман (Росоман, Кавадарци) – Борец (Велес)
Влазними јуниор (Пресил, Крушево) – Тополка (Превалец, Велес).
На 21 септември во 10 часот се мечевите од стартното коло на Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп (четврта по ранг). Еве ги двојките:
Козара (Заполжани) – Братство (Големо Коњари)
Кадица (Забрчани) – Динамо (Мажучиште)
Кадино (Кадино) – Црвена ѕвезда (Сенокос)
Гарван (Десово) – Стрела (Ерековци).
Се уште нема официјални информации, но според наши сознанија се ближи почетокот и на Б-Општинската лига на ОФС Прилеп (петтата по ранг). Досега познати се 7 тима учесници: Канатларспор (Канатларци), Канатларци (Канатларци), Партизан (Обршани), Боротино (Боротино), Прилеп сити (Прилеп), Корзо (Прилеп) и Пролетер (Прилеп).
На фотографијата подолу е Прилеп сити, екипа којашто летово подготвувајќи се за новото првенство има одиграно 7 пријателски меча.