Фудбал

(фото, видео) ЧЕТВРТИ ПАТ СЕ ПОЈАВИ БРОЈОТ ТРИ!

Зимава интересна серија пријателски натпревари на Победа. На сите четири овој тим прими по ист број голови – 3. Според ова, и денеска, во дуелот со Арсими беше исто, 0:3, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Стрелци: Шпенд Асани, Енсар Љума и Албин Рамадани. А, потсетуваме, на претходните три проверки беа овие резултати: со Охрид (1:3), со Вардар Н. (1:3) и со Кожуф (0:3).

Што се однесува до играта, екипата Арсими покажа повеќе, создаде повеќе шанси, од кои искористи три. И младиот тим на Победа имаше неколку добри можности за гол, но без реализација. Денеска за прилепскиот тим одиграа вкупно 18 фудбалери.

ПОБЕДА: Столевски, Г. Димоски, Шиков, С. Спиркоски, Ивчески, Богевски, И. Трајкоски, Да. Спиркоски, Миланоски, Табаковиќ, Ристов. Во вториот дел уште настапија: Арифи, Зенговски, Адили, Горгиовски, Тасески, Крајоски и Стефаноски.

Следниот тест меч е в среда, Победа – Пелистер.

ВИДЕО на линкот

Од категоријата

(фото) НУЛА-ТРИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ФУДБАЛ, А МНОГУ ГОЛОВИ КАКО РАКОМЕТ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОЧНУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе