Несекојдневна посета на Фудбалскиот клуб Победа. Просториите на овој клуб, како и Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ги посетија ученици во прво одделение на Основното училиште „Кочо Рацин“, идни фудбалери. Малите љубопитни глави имаа можност да се запознаат со светот на фудбалот – прошетаа низ просториите на клубот, се сретнаа со дел од фудбалерите, Управниот одбор и Стручниот штаб, направија свој прв тренинг и дури одиграа и фудбалски натпревар! На крајот од оваа незаборавна авантура, малечките гости беа почестени со пакетчиња, сокчиња и боенки со темата „Мојот прв фудбалски ден“
Нивната радост и детска енергија го исполнија стадионот, а гледачи беа нивните горди родители.

