Утре (сабота) од 14 часот е 20. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Во оваа рамка е дуелот Победа – Беласица, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Прилепскиот тим е во борба со струмичкиот, а целта е место погоре на табелата. Моментално, Беласица е на 10. место со 22 бода, Победа на 11. место со 21.
ДВОЈКИ ЗА 20. КОЛО (8 март во 14 часот): Победа – Беласица, Вардар Н. – Кожуф, Скопје – Детонит, Осогово – Брегалница, Вардарски – Борец, Саса – Македонија ЃП, Новаци – Арсими, Башкими – Охрид.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 44, Башкими 42, Брегалница 40, Арсими 36, Саса и Охрид 31, Детонит 29, Скопје 29, Кожуф 27, Беласица 22, Победа 21, Новаци и Вардар Н. 20, Осогово 13, Борец 10, Вардарски 5.