Утре (сабота) од 14 часот е 20. коло на Втората фудбалска лига на Македонија, во чија рамка и дуелот Победа – Беласица. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се соочуваат прилепчани со струмичани. Затоа во овој случај во центарот на вниманието на трибината е редовниот посетител на фудбалските натпревари, професорот по географија во OОУ „Св. Климент Охридски“ и во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, Зоран Николов, струмичанец кој во Прилеп е три децении. За кого ќе навива утре?
– За кого би навивал, кога во Прилеп живеам веќе над триесет години. Играчите сегашни од Беласица не ги познавам како некогаш. А овие од Победа, со нив контактирам, некои ми беа ученици. Не би било логично да навивам против нив. Значи, навивам за Победа – откри Николов.
ДВОЈКИ ЗА 20. КОЛО (8 март во 14 часот): Победа – Беласица, Вардар Н. – Кожуф, Скопје – Детонит, Осогово – Брегалница, Вардарски – Борец, Саса – Македонија ЃП, Новаци – Арсими, Башкими – Охрид.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 44, Башкими 42, Брегалница 40, Арсими 36, Саса и Охрид 31, Детонит 29, Скопје 29, Кожуф 27, Беласица 22, Победа 21, Новаци и Вардар Н. 20, Осогово 13, Борец 10, Вардарски 5.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403