Пауза е во првенството од второлигашката конкуренција во Косово, но пауза не е за суперталентираниот прилепчанец, 19-годишниот Салим Арифи. Доскорешниот фудбалер на ФК Победа, сега на ФК Митровица, машина за голови е и во овој период, на пријателските мечеви. На четирите пријателски меча постигна 3 гола, а имаше и 2 асистенции. Тоа не е никаква случајност, бидејќи станува збор за најдобриот стрелец во есенскиот дел, најдобриот стрелец во целата лига – со 13 гола и 3 асистенции.
Има време за уште подготовка до почетокот на март, за стартот на пролетниот дел, кога ФК Митровица ќе го брани првото место за влез во повисокиот ранг во Косово.
Подолу е видеото со гол на Арифи