Многу возбудувања за 90 минути на мечот Победа – Саса во Прилеп. Дуел со пресврт во играта и резултатот, со амбиции за триумф од двете страни. На крајот излезе нерешено.

Гостите беа близу до подвиг – три бода на гости со некогашниот македонски шампион, но немаа сили. По првиот гол на Лука Николов во 7. на Мухамед Бекир во 16., беше досуден пенал за нив, можност за недостижно водство. Но ударот од белата точка на Андреј Симевски го одбрани младиот голман Марко Николоски.
Пеналот како негативно да влијаеше врз гостите, позитивно врз домашните. Екипата Победа намали на 1:2 преку Кристи Крајоски со глава, а во второто полувреме успеа да израмни со голот на Мохамед Ахмедов во 60. минута. Дури прилепските фудбалери притиснаа со сите сили, имаа шанса за победоносен гол, но и среќата побегна, топката во една акција двапати удри во стативите.


На крајот штета за црвениот картон на домашниот млад играч Димитар Шаркоски, кој доби два жолти картона, во 82. и 91. минута.
ПОБЕДА: М. Николоски, М. Талески (46. Л. Митрески), Ѓорѓиев (Д. Паскоски), Ахмедов, А. Петрески, Д. Шаркоски, Зарески (77. Д. Јошески), Кукески, Ф. Димоски (93. Б. Смилески), Кузманоски, Крајоски (46. Л. Трајкоски). Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
САСА: Стојковски, Славков (64. Ефремов), Чукарски (77. Љубевски), Таневски, Радевски, Ајрули (77. Коловски), Бекир, Николов (64. Мичковски), Митревски (70. Иванов), Аџиев, Симевски. Тренер: Горан Гоцевски.
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО: Тетекс – Плачковица 3-2, Слога В. – Големо Коњари 5:1 (Стрелци: Никола Талески 2, Иван Настевски, Љупчо Христовски и Виктор Крстевски по 1 – Беким Алимоски), Шкендија А. – Охрид 2-1, Осогово – Преспа 2-0, Кожуф – Новаци 2-0, Вардар Н. – Брегалница Ш. 0-2, Беласица – Скопје утревечер,
ЗАПИСНИЦИ ОД ПОБЕДА – САСА И СЛОГА – ГОЛЕМО КОЊАРИ
1. ПОБЕДА-САСА:

2. СЛОГА – ГОЛЕМО КОЊАРИ:
ТАБЕЛА
Шкендија А. 6
Осогово 4
Брегалница Ш. 4
Кожуф 4
Детонит 3
Слога В. 3
Скопје 3
Тетекс 3
Новаци 3
Вардар Н. 3
Саса 2
Беласица 1
Охрид 1
Победа 1
Преспа 0
Големо Коњари 0.
СЛЕДНО 3. КОЛО (6 септември 2025): Преспа – Победа, Големо Коњари – Беласица, Брегалница Ш. – Тетекс, Новаци – Вардар Н., Саса – Кожуф, Охрид – Осогово, Скопје – Шкендија А., Детонит – Слога В.