Од Фудбалскиот клуб Победа информираат дека се готови сите сезонски влезници за сите приврзаници коишто имаат уплатено и потоа примиле известување преку меил. Тие сезонски билети ним ќе им се делат утре (сабота) од 15.15 часот во клупските простории на Победа. Целта е тие клупски приврзаници да ја искористат таа влезница веќе во 1. коло и да присуствуваат на мечот со Саса.
Исто така, се информираат другите клупски приврзаници, коишто се уште немаат сезонски влезници, дека можат во истото време по 15.15 часот да дојдат во клупската канцеларија и тука можат да си уплатат за своја сезонска влезница којашто за цела година изнесува само 1.200 денари.