Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп треба многу бргу да пријави свој претставник во регионални рамки за Купот на Македонија во сезоната 2025/26. Според тоа, неизбежно е под итно да се одигра куп-меч од кој ќе се добие тој претставник. Така, одлучено е в недела, 25 мај, во 17 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ да има дуел Победа – Стрела. Победникот од мечот ќе биде тој претставник во Купот од ОФС Прилеп. Како што е познато, Победа (Прилеп) го освои 12. место во Втората лига, а Стрела (Ерековци) 3. место во А-групата од Општинската лига на ОФС Прилеп.
На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и в сабота, 24 мај, во 16 часот има меч, финалето за првак на Општинската лига од ОФС Прилеп, Кадица (Забрчани) – Млекар (Мало Коњари).