Веќе известивме за доаѓањето на кадетот Давид Здравески (Пелистер), како и за искусниот Христијан Кукески од Големо Коњари во Победа, а денеска прилепскиот клуб информира за уште четворица нови. Еве ги имињата и клубовите: Лука Трајкоски и Давид Јошески (двајцата од Детонит Плачковица) Мохамед Ахмедов (Беласица), Игор Ѓорѓиев (Слога Виница). Победа во Втората лига веќе е многу посилен тим отколку што беше на почетокот од есенскиот дел, кога гостуваше кај Новаци. Претстои 2. коло утре (сабота, 16.30 часот) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп: Победа – Саса од Каменица.
Преодниот рок е до 6 септември, очигледно прилепскиот клуб има можност да доведе вкупно десетина искусни фудбалери, а дали тоа ќе го направи зависи од поддршката на градот и бизнис-секторот, компаниите… Колкава поддршка – толку силна Победа!